• среда, 29 јануари 2025

Јаревски: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, ЈО да го истражи случајот

Јаревски: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, ЈО да го истражи случајот

Скопје, 29 јануари 2025 

Почитувани,

Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити.

Со години во време на СДС Онкологија набавувала лекови на реверс од др. ПАНОВСКИ, за потоа да ги враќа истите откако ќе им намести и даде тендер.

Со години омилената веледрогерија на Филипче и СДС направија маѓепсан круг од кој тешко се излегува, а штета имаа пациентите и буџетот.

Сега кога владата на ВМРО-ДПМНЕ реши да стави крај на таквата практика која креира загуби за системот, и СДС и нивната омилена веледрогерија со сите сили напаѓаа во надеж дека ќе си продолжат како до сега.

Нема веќе како до сега, ниту ќе постојат реверси, ниту ќе постојат екстра профити на мафијата на смртта.

ФЗОМ го решава проблемот кој го остави СДС за профит на поединци.

 

ЈО да не биде нем набљудувач на состојбите, туку да го истражи случајот до крај.

 

Прес-конференција на Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан