• сабота, 23 ноември 2024

Јапонското обвинителство бара две години затвор за поранешниот директор на Нисан

Јапонското обвинителство бара две години затвор за поранешниот директор на Нисан
Токио, 29 септември 2021 (МИА) - Јапонското обвинителство денеска побара од судот во Токио да го осуди поранешниот директор на автомобилската компанија „Нисан мотор“ Грег Кели на две години затвор бидејќи наводно му помогнал на Карлос Госна, сменетиот претседател на Управниот одбор на компанијата да ја сокрие својата заработка. Обвинителите исто така побараа парична казна од 200 милиони јени (1,8 милиони долари) за „Нисан мотор“. Судењето против Кели почна пред една година, а пресудата се очекува следната година. Ако Кели биде прогласен за виновен ќе им се придружи на двајцата Американци кои издржуваат затворска казна во Јапонија откако судот во јули ги осуди поради помагање во бегството на Госна од Јапонија во Либан, со приватен авион во 2019 година. Госна се уште е во бегство. Кели го отфрли обвинувањето дека му помогнал на Госна да сокрие 9,3 милијарди долари заработка, истакнувајќи оти единствена цел му била да го задржи Госна на функцијата извршен директор, Јапонија во 2010 година воведе нови финансиски прописи според кои директорите на компаниите ако заработуваат повеќе од една милијарда јени годишно да го откријат износот на надоместоците. ми/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан