Јапонскиот цар изрази надеж дека во новата година нема да има природни катастрофи
- Јапонскиот цар Нарухито денеска во својот прв говор во новата година изрази желба 2020 да помине без природни катастрофи.

Токио, 2 јануари 2020 (МИА) - Јапонскиот цар Нарухито денеска во својот прв говор во новата година изрази желба 2020 да помине без природни катастрофи.
Царот кој го наследи престолот минатата година во мај, царицата Масако и другите членови на семејството ги поздравија десетици илјади Јапонци кои се собраа пред кралската палата.
- Мило ми е што ја прославувам Новата година со вас. Но, во исто време, се грижам за луѓето кои минатата година беа погодени од тајфуни и обилни дождови. Се надевам дека оваа нова година ќе биде убава, мирна и без природни катастрофи, истакна тој.
Двапати годишно, за Нова година и за неговиот роденден, јапонскиот царот се појавува на балконот на палатата. Денеска до него беа и поранешниот цар Акихито, кој абдицираше на 30 април, што беше прв таков потег во земјата за 200 години, и поранешната царица Мичико. јт/