• петок, 29 март 2024

Јапонскиот премиер Кишида пристигна во ненадејна посета на Киев

Јапонскиот премиер Кишида пристигна во ненадејна посета на Киев

Токио, 21 март 2023 (МИА) - Јапонскиот премиер Фумио Кишида пристигна во ненадејна посета на Киев, јавија јапонските медиуми.

Кишида е единствениот лидер на Г7 кој се уште не ја посетил Украина од почетокот на руската офанзива кон крајот на февруари минатата година.

Се очекува тој да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а двајцата ќе разговараат за јапонската поддршка за обновата на Украина.

Во мај Кишида ќе претседава со тридневниот самит на Г7 во јапонскиот град Хирошима. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан