Јапонскиот вицепремиер се сомнева дека Олимпијадата ќе има смисла ова лето
- Јапонскиот вицепремиер и министер за финансии Таро Асо рече дека одржувањето на Олимписките игри во 2020 година во Токио поради пандемијата на коронавирус е сè уште под знак прашалник.

Токио, 18 март 2020 (МИА) - Јапонскиот вицепремиер и министер за финансии Таро Асо рече дека одржувањето на Олимписките игри во 2020 година во Токио поради пандемијата на коронавирус е сè уште под знак прашалник.
- Дури и ако Јапонија може да ја спречи појавата на коронавирус, Олимписките игри ова лето ќе бидат беспредметни ако другите земји не можат да ги испратат своите спортисти. Препорачливо е Олимпијадата да се одржи во околина каде сите се чувствуваат безбедно и среќно. Но, само Јапонија нема право да донесе одлука, напиша новинарот на Си-Ен-Ен, Вил Рипли на својот профил на Твитер.
Олимписките игри треба да се одржат во Токио од 24 јули до 9 август. ИОК вчера одби да ги одложи Игрите и покрај прогласената пандемија од страна на Свестката здравствена организација. зс/