• понеделник, 23 декември 2024

Јапонскиот амбасадор Оцука гостин на концертот на оперскиот пејач Котетсу во Битола

Јапонскиот амбасадор Оцука гостин на концертот на оперскиот пејач Котетсу во Битола

Скопје, 12 октомври 2023 (МИА) - Јапонскиот амбасадор Оцука Казуја синоќа беше гостин на концертот на јапонскиот оперски пејач Котетсу Казухиро на Меѓународниот фестивал за класична музика Интерфест во Битола, кој е познат на македонската јавност по тоа што пее македонски традиционални песни.

Амбасадорот Оцука ја најави „Неделата на јапонски филм“, која ќе се одвива во Скопје и Битола од 3-ти до 10-ти ноември оваа година и ја нагласи важноста на ваквите настани и културната размена за развој на билатералните односи. Воедно, тој го спомна јубилејот кој ќе се слави во 2024 година – 30 години дипломатски односи помеѓу Јапонија и Република Северна Македонија, за што во амбасадата се веќе во подготовки достојно да го обележат.

Неодамна Јапонската амбасада објави повик за дизајн на идејно решение лого за одбележување на јубилејот кој се затвора на 20 октомври.

Амбасадорот Оцука ги покани битолчани да го погледнат филмовите кои ќе се прикажуваат во центарот на култура во Битола на 9 ти и 10 ти ноември.

Јапонската амбасада и Кинотеката на Северна Македонија во соработка со Јапонската фондација по претставуваат 16-то издание на Недела на Јапонски филм во Кинотеката во Скопје и по четвртипат во Центарот на култура на Битола. ир/дма/

 

Фото: Амбасада на Јапонија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан