• четврток, 26 декември 2024

Јапонија не ја укина смртната казна

Јапонија не ја укина смртната казна

Токио, 14 ноември 2024 (МИА) – Владата на Јапонија, и покрај апелите на правните експерти, денеска го отфрли предлогот за укинување на смртната казна.

- Владата смета дека е несоодветно да се укине. Смртната казна е неизбежна за лице кое извршило исклучително тешко и грозоморно злосторство, изјави владиниот секретар Јошимаса Хајаши.

Комисија од 16 членови, меѓу кои и поранешни највисоки обвинители и полицајци, како и академици, вчера им предложија на Владата и на Парламентот да се формира тело кое би дебатирало дали да се задржи смртната казна во Јапонија.

Јапонија и САД се единствените држави од Г7, каде се изрекуваат смртни казни. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан