• петок, 11 јули 2025

Јапонија и Филипини во обид да ја сопрат поморската експанзија на Кина

Јапонија и Филипини во обид да ја сопрат поморската експанзија на Кина

Токио, 6 јули 2025 (МИА) – Јапонија со цел да ја запре поморската експанзија на Кина ќе извезе користени бродови разорувачи во Филипини, објави јапонскиот весник „Јомиури“.

Весникот повикувајќи се на неименувани владини извори наведе дека планот за извоз вклучува шест разорувачи од класата „Абукума“ кои се во служба во Јапонските поморски сили за самоодбрана повеќе од три децении.

Токио и Манила тврдат дека се соочуваат со предизвици од сè поагресивните акции на Пекинг во Јужно Кинеско Море за Филипини и Источно Кинеско Море за Јапонија.

Јапонија и Филипини минатата година потпишаа договор за меѓусебен пристап, со кој се дозволува стационирање на сили на територијата на другата држава.

Разорувачот од класата „Абукума“ е релативно мал тип воен брод од 2.000 тони, со екипаж од околу 120 лица и вооружен со противподморнички и противбродски ракети, торпедни цевки и топови. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан