• понеделник, 23 декември 2024

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото

Јан Коп до Ахмети:  Посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото

Скопје, 10 јануари 2024 (МИА) - Холандскиот амбасадор на средба со лидерот на ДУИ Али Амети ја пренел порака дека посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава.

-Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар, објави денеска Холандската амбасада во земјава на нејзиниот официјален Фејсбук профил.

Во статусот за средбата, која според фотографијата се одржала во седиштето на ДУИ, се посочува и ставот на Амбасадата за политичкото влијание врз претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.

-Исто така, неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија, стои во објавата на Фејсбук профилот на Амбасадата на Холандија, која е потпишана од ДУИ. вг/ац/

Фото: ФБ на Амбасада на Холандија

Остани поврзан