• четврток, 22 август 2024

Јанчев: Почнуваме со развој на зимски спортови во општина Кавадарци 

Јанчев: Почнуваме со развој на зимски спортови во општина Кавадарци 

Кавадарци, 22 август 2024 (МИА) - Почнуваме со развој на зимски спортови во општина Кавадарци, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук. 

- Од оваа зима кавадарчани ќе уживаат и во зимските спортови. Општина Кавадарци денес доби голема донација која означува почеток на развој на зимските спортови во кои ќе уживаат сите генерации. Со одлука на Совет на Општина, нашиот убав град прими донација од 231.660,00 евра, од кои 115.000,00 евра се средства донација од Комерцијална Банка и 115.000,00 евра се средства донација од Кожувчанка ДОО, напиша Јанчев. 

Тој појасни дека донацијата е во материјални добра и услуги.

- Се работи за ски лифт во должина од 370м со капацитет од 600 лица на 1 час, скијачки појас со капацитет од 800 лица, четири сезонски вртелешки, мобилна пумпа, црево со висок притисок 5броја x 20 метри мах 20 бар., филтри 4 броја, хидрант 4 броја, снежни топови 2 броја и
заштитна мрежа 20 броја, додаде градоначалникот. 

Тој напиша дека ветувањето во предизборната програма, од денес, со овој проект, станува реалност. 

Во претстојниот период започнува изградбата на овој скијачки центар, а веќе во месец декември истиот ќе биде во функција, соопшти тој на Фејсбук. свд/сст/

фото МИА архива 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан