Јанчев : Кавадаречкото село Возарци добива спортска сала
- - Денеска започна изградбата на спортската сала во село Возарци, со корисна површина од 400 квадратни метри, која ќе биде во склоп на подрачното општинско училиште ,,Страшо Пинџур’’. Инвестицијата е на Општина Кавадарци, во висина од 22.000.000 денари. Изведувач на работите е фирмата ,,Градба промет", соопшти градоначалникот.

Кавадарци, 26 септември 2023 (МИА) - Кавадаречкото село Возарци добива спортска сала, уште едно предизборно ветување станува реалност, информираше попладнево градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
- Денеска започна изградбата на спортската сала во село Возарци, со корисна површина од 400 квадратни метри, која ќе биде во склоп на подрачното општинско училиште ,,Страшо Пинџур’’. Инвестицијата е на Општина Кавадарци, во висина од 22.000.000 денари. Изведувач на работите е фирмата ,,Градба промет", соопшти градоначалникот.
Тој нагласи дека интензивно се работи на бројни проекти во општината, како во урбаните, така и во руралните средини. свд/дма/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев