• понеделник, 23 декември 2024

Јанчева: Кавгата за пари во Скопје го покажа вистинското лице Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Јанчева: Кавгата за пари во Скопје го покажа вистинското лице Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 17 септември 2022 
Кавгите во Градот Скопје, за пари, бизнис интереси и тендер вреден 136 милиони евра е на директна штета на граѓаните и го покажува вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
 
Како што е објасни и самиот Мицкоски, или шпицен градоначалник како што го нарекуваат неговите, за нив политиката е само личниот интерес а не интересот на скопјани.
Град Скопје една година стои во место. Клучните проекти за граѓаните се закочени, очигледно заради бизнис интереси на структури во ВМРО-ДПМНЕ.
Кавгите меѓу Мицкоски и Арсовска не ги интересираат скопјани очекуваат работа и реалзација на проектите.
Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Арсовска, ѝ ги собраа потребните потписи и заедно ја бараа довербата од скопјани.
Мицкоски дури и јавно кажа дека заедно со Арсовска преговараат со компании за набавка на 100 електрични автобуси.
Затоа ли го нарекуваат во ВМРО-ДПМНЕ шпицен градоначлник, но тоа не ги интересира граѓаните.
По мега криминалниот проект Скопје 2014, главниот град се соочува со нова катастрофа наречена Скопје 2024.
Но СДСМ заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи.
Во Советот на Град Скопје продолжуваме да функционираме како опозиција, како гласен коректив на работата на градоначалникот и градската администрација.
Продолжуваме да ги застапуваме интересите на граѓаните и да предлагаме решенија и да се бориме за нивните потреби и барања.
Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Совет на Град Скопје ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан