• петок, 22 ноември 2024

Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска да ја отстапат реконструкцијата на Универзална сала на Владата

Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска да ја отстапат реконструкцијата на Универзална сала на Владата

Скопје, 30 март 2023

Локалната власт во град Скопје е неспособна и за една и пол година нема реализирано ниту еден проект.Проектот за реконструкција на Универзална сала е закочен целосно.Без разлика дали станува збор за лични хирови на Арсовска или на шпицниот градоначалник Мицкоски.Реконструкцијата на еден од најважните објекти за Скопје е стопирана, а Универзална сала е во речиси руинирана состојба.Овој проект финансиски е поддржан од Владата со 120 милиони денари. Од нив искористени се 40 милиони што значи дека остануваат уште 80 милиони денари, доволни за реконструкцијата да се заврши.Бидејќи Арсовска и ВМОР-ДПМНЕ немаат намера да го довршат овој проект, ние како советничка група поднесовме иницијатива за времено отстапување на правото на користење од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија.Ги повикуваме сите советници од сите советнички групи да дадат поддршка на Иницијативата и овој објект да биде времено преземен од Владата, а по неговата реконструкција тој повторно ќе биде вратен на Градот.Универзална сала е симбол на солидарноста и на Скопје, објект врежан во сеќавањето на генерации скопјани.Да не дозволиме овој објект да пропаѓа, туку да му го вратиме некогашниот сјај и повторно да биде еден од најважните културни објекти во државата.

 

Изјава за медиуми на Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан