• петок, 22 ноември 2024

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се почитува Изборниот законик и да се обезбеди електронски отпечаток на прст

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се почитува Изборниот законик и да се обезбеди електронски отпечаток на прст
Скопје, 9 март 2021 Најпрво, би сакал да ве информирам дека во изминатиот период се водеа интензивни преговори меѓу работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со цел да се надминат проблемите кои ги наметна владината коалиција во врска со законската обврска за користење на fingerprint уреди за претстојните избори, иако сите политички чинители дадоа поддршка пред повеќе од 1 година кога се донесоа последните измени и дополнувања на Изборниот законик. И покрај сите напори, отстапки, и пред се волја од страна на ВМРО-ДПМНЕ да овозможиме да се користат fingerprint уредите за локалните избори и да нема повеќе „брзи прсти“, владината коалиција на СДСМ и ДУИ на секој можен начин ги опструира преговорите и не сака да овозможи имплементација на овие, повторувам, законски обврски, кои се на сила повеќе од 1 година. Дозволете, во продолжение да дадам хронолија на настаните:
  1. Обрската за користење на отисок од прст, наместо досегашните спреј и УВ ламба се на сила од 16.02.2020 година,
  2. И покрај законската обрска, Владата на СДСМ и ДУИ во Буџетот за 2021 година не предвидува средста за набавка на уреди за отчитување на отисоци за прсти и покрај барањата на ДИК и укажувањата дека без истите нема да може да се спроведат избори,
  3. Повеќе или помалку – Владата го „услови“ обезбедувањето на финансиските средства со, според нив „неопходните“ измени и дополнувања на Изборниот законик,
  4. Небулозни се тврдењата дека со сегашните одредби на ИЗ, МВР не смеело да ја достави базата на податоци со отисоци на прсти, и ќе ви кажам зошто! Треба само да го погледнете членот 43 од Изборниот законик каде што е наведено дека Министерството за внатрешни работи до ДИК доставува податоци и фотографии за граѓаните и потоа врши само разграничување по донос на тоа, со наполнети 18 години живот, заклучно со денот на изборите, кои имаат лична карта, патна исправа и слично. Никаде во членот 43 или никаде во Изборниот законик каде што обврска има МВР да доставува податоци не се таксативно наведени и наброени кои се податоци се доставуваат туку ги доставуваат неопходните и потребни податоци до ДИК за да можат да се спроведат изборите.
  5. И покрај ова, ВМРО-ДПМНЕ се согласи на овие измени.
  6. Кога веќе преговите беа во напредна фаза и очекувавме дека ќе постигнеме договор и конечно измените и дополнувањата на Изборниот законик ќе влезат во собраниска процедура, од Владата на СДСМ и ДУИ беше покренато барање „во игра да се вратат“ користењето на спрејот и УВ ламбата иако по завршување на парламентарните избори 2020 година овој член е ставен надвор од сила, односно законот упатува на задолжителна примена на уредите за отчитување на отисок од прст.
Дали намерата на Владата на СДСМ и ДУИ е можноста за семејно гласање и гласање на лица кои не се присутни на избирачките места во Република Македонија да продолжи, дали намерата е повторно да има „брзи прсти“ и „гласање а ла Усеин Болт“? ... тоа ќе оставам граѓаните да проценат! ВМРО ДПМНЕ инсистира на доследна примена на Изборниот законик, односно на овој метод и современа пракса токму за да нема повеќе брзи прсти како низа изборни циклуси во минатото. Одбивањето да се прифати електронски отисок на прст е зошто власта на Заев спрема кражба на изборите. Целокупната одговорност за тоа што ќе се случува е нивна, а ние нема мирно да седиме како крадат уште едни избори. Упатуваме апел и до меѓународната заедница да реагира, да не седи со скрстени раце и да изврши притисок до власта за да го почитува она што е напишано во закон. Не бараме ниту повеќе, ниту помалку. Само да се испочитува она што е напишано во закон и да се обезбеди електронски отисок на прст за да нема дупли гласања, бугарски возови и кражба на изборите. Има 7 месеци до изборите, и доволно време за да реагира и меѓународната заедница. Одговорноста е и на меѓународниот фактор. Нема да дозволиме најкорумпираната влада во Европа да организира уште едни талибански избори. Целосната одговорност е на Владата и институциите предводени од коалицијата СДСМ и ДУИ и ваквиот тенденциозен обид за изигрување на законот, освен низ призмата на подготовка на брутална пљачка на локалните избори не може да биде толкувана на ниту еден друг начин.говориш! Изјава на Игор Јанушев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан