• недела, 22 декември 2024

Јанта волеј и Џио Струмица победници во македонскиот куп

Јанта волеј и Џио Струмица победници во македонскиот куп
Струмица, 28 март 2021 (МИА) – Екипите на Јанта волеј Кисела Вода и Џио Струмица ги освоија трофеите во женска, односно машка конкуренција во Купот на Македонија. Јанта волеј Кисела Вода попладне забележа победа над Вардар со 3:1 во финалето кај жените. Домаќинот на турнирот, Струмица Џио со истиот резултат (3:1) славеше над Универзитет во Тетово во машкото финале на 28. издание од купот. За Џио Струмица ова беше осми трофеј во купот, додека Јанта волеј Кисела Вода по првпат доаѓа до вредниот трофеј. зс/

Тагови

Остани поврзан