Јаневски од „Одлучно за промени“ најави изградба на прв адреналински парк во Ѓорче Петров
- Развој на руралните делови на општината Ѓорче Петров и создавање на услови за развој на руралниот, културниот и еко-туризмот, најави кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ред
Скопје, 4 октомври 2021 (МИА) - Развој на руралните делови на општината Ѓорче Петров и создавање на услови за развој на руралниот, културниот и еко-туризмот, најави кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на Граѓанското движење „Одлучно за промени“, Љупчо Јаневски.
- Изградбата на планински велосипедски патеки, планински и пешачки патеки ќе овозможат поголем број на посети од скопјани на Кучково и руралниот дел на Ѓорче, потенцира Јаневски.
Кандидатот за градоначалник на Движењето „Одлучно за промени“, предводено од ЛДП и ДОМ, вети и развојна туристичките содржини и инвестиција во изградба на првиот адреналински парк, што, според него, директно ќе влијае врз локалниот економски развој и создавањето на нови зелени работни места во туристичкиот сектор, кој има идеални услови да се развива во овој дел на Општината.
- Ова преставува само мал дел од приоритетите за првата зелена општина во градот Скопје, истакна Јаневски. сп/