• вторник, 21 април 2026

Јаневска ќе има уште еден состанок за законот за високо образование, кој потоа оди во владина процедура

Јаневска ќе има уште еден состанок за законот за високо образование, кој потоа оди во владина процедура

Скопје, 20 април 2026 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има уште еден сосатанок со, како што рече,  заинтересирана група и оти тој ќе биде последен од состаноците што досега ги имаше во врска со законот за високо образование.

-Законот е веќе затворен, но да ги сослушаме сите што побараа средба и потоа ќе оди во владина процедура, што значи потреба законодавството да го провери уште еднаш законот, за да види дали е во согласност со други закони, дали е напишан така како што треба со правнички јазик итн. Потоа на владина седница да ги слушнеме сите членови на Владата и откога и тоа ќе се заврши оди во собраниска процедура, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Технолошко-металуршкиот факултет. хс/ац/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан