• понеделник, 23 декември 2024

Јакимовски: Општина Карпош може да ја напушти ЗЕЛС поради големи притисоци од власта, ќе разговарам денеска со Ѓорѓиевски

Јакимовски: Општина Карпош може да ја напушти ЗЕЛС поради големи притисоци од власта, ќе разговарам денеска со Ѓорѓиевски

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски најави дека денеска во текот на денот ќе се сретне со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, за да разговараат за проблемите со кои се соочува поради, како што рече на прес-конференција, големи притисоци од страна на централната власт. Притоа тој најави дека е можно Општина Карпош да ја напушти ЗЕЛС за што има многу причини.

Јакимовски вели дека дел од министрите во Владата треба да го корегираат својот однос кон нив како градоначалници, или ќе го напуштат ЗЕЛС.

- ЗЕЛС ги премолчи сите притисоци што ги трпиме од министрите од оваа влада. Не сум прв пат градоначалник. Но, ова е невидено што го прават министрите од владата на Мицкоски. Не знам дали е по негова директива, или не е, но гледате што прават со градоначалникот на Струмица. Градоначалникот да имал чиста вода за пиење. Министерот си ја решил ситуацијата во земјоделието, па се фатил со детено „водата, па водата“. Наместо да му помогне како министер, видете тој што прави, рече Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош вели дека не се гласаат програми на негови колеги кои не се од партијата на претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, министерот за локална самоуправа молчи и поради тоа смета дека претседателот на ЗЕЛС не треба да биде од истата партија за да ги штити интересите на локалната самоуправа. Кажа дека Ѓорѓиевски го побарал да разговараат и дека ќе се сретнат бидејќи тој е за тоа.

- Што прават со мене тука? Министерот за транспорт вика јас не потпишувам планови додека сум министер и уште се фали дека со новиот закон му се зголемиле ингеренциите. Сега јавно да го прашам. Вие одите кон Брисел или одите кон Москва? Ако одите кон Брисел вие треба да ги намалувате дискреционите права, а не да ги зголемувате. Ако одите кон Москва, тогаш ќе функционирате со декрет. Министерот за внатрешни, гледате ни пушта кривични, на апсолутно чист предмет, а од друга страна гледате дека се пуштаат бандити од затвор. Од друга страна, прв пат во 47 години се случи да не се гласаат програми, да не се гласа Буџет и тоа од оваа партија на власт. Кое племе е ова? Од каде дојдоа? Да не се гласаат програми за работа. Ај што не ги гласаат, туку кога ќе ги изгласаме, ги обжалуваат во инспекторат и вршат притисок да донесат одлука каква што тие сакаат. И мислат дека ние сето тоа треба да го трпиме. Министерот за локална самоуправа го гледа сето тоа и си молчи. ЗЕЛС ова го гледа како не се гласаат програми на колеги кои не се од негова партија. И ние треба да останеме во таа институција и да функционираме. Затоа претседателот на ЗЕЛС не треба да биде од истата партија за да ги штити интересите на локалната самоуправа. Ова е многу сериозна работа, вели Јакимовски.

Со тоа како функционира оваа власт, смета тој, треба да бидат запознати сите амбасади.

-Ова е само начин да им покажеме дека нема потреба да бидеме дел од институциите на оваа држава, кога институциите на оваа држава се однесуваат крајно негатоски и крајно некјоректно, прво кон граѓаните а потоа и кон нас како градоначалчници, рече Јакимовски. ев/нд/

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан