Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство
- Во последните денови сведоци сме на една стара, веќе видена практика – истите луѓе кои четири години гласаа против катните гаражи, денес излегуваат со прес-конференции дека ги нема, а утре — без срам — ќе ги ветуваат како свои, наведува Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, во изјава за медиумите што МИА ја пренесува интегрално.
13 октомври 2025
Во последните денови сведоци сме на една стара, веќе видена практика – истите луѓе кои четири години гласаа против катните гаражи, денес излегуваат со прес-конференции дека ги нема, а утре — без срам — ќе ги ветуваат како свои, наведува Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, во изјава за медиумите што МИА ја пренесува интегрално.
Тоа не е визија. Тоа е лицемерие.
Граѓаните на Карпош не заслужуваат лаги во боја и стари плакати со нови ветувања.
Додека тие менуваат приказни, ние ја менувавме реалноста:
реновиравме училишта и градинки, поставивме фотоволтаици, изградивме нова општинска зграда, направивме нови улици, паркови и јавни површини.
Затоа, на 19 октомври — да излеземе сите и да им покажеме дека Карпош не се продава на муабет.
Карпош се брани со работа, со резултати и со достоинство.
ЛИНК: https://www.youtube.com/shorts/HrLhTgrDIfs?si=alELu6NtnPke1-pL
Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош