• петок, 05 декември 2025

Јавното обвинителство и Транспаренси Интернешнл-Македонија потпишаа меморандум за соработка

Јавното обвинителство и Транспаренси Интернешнл-Македонија потпишаа меморандум за соработка

Скопје, 1 октомври 2025 (МИА) - Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Транспаренси Интернешнл-Македонија потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на соработката од областа на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Како што информира државното Јавно обвинителство, целта на документот е да „овозможи заедничко дејствување во насока на зголемена ефикасност на борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и заемна размена на податоци, искуства и експертиза“.

-Со Меморандумот е предвидена и соработка при подготовката на документи за креирање на политики од областа на корупцијата, владеење на правото и заштитеното пријавување, како и учество за спроведување заеднички проекти од областа на борбата против корупцијата. Во рамките на активностите, Транспаренси Интернешенл-Македонија ќе изврши независна длабинска анализа на предизвиците со кои се соочува обвинителството во смисла на недостаток на капацитети, но и негативните последици од измените на Кривичниот законик во однос на кривичните дела од областа на корупцијата, се наведува во соопштението на ЈОРСМ.

Меморандумот го потпишаа јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и претседателот на Транспаренси Интернешнл-Македонија Благоја Пандовски. хс/вј/

Фото: Јавното обвинителство на Република Северна Македонија 

Остани поврзан