• среда, 08 мај 2024

Јавните обвинители Хаџи Василева и  Азизи упатени во ОЈОГОКК, доделена канцеларија за јавниот обвинител за врски со Европравда во ЈОРСМ, Ристоска

Јавните обвинители Хаџи Василева и  Азизи упатени во ОЈОГОКК, доделена канцеларија за јавниот обвинител за врски со Европравда во ЈОРСМ, Ристоска

Скопје, 19 февруари 2024 (МИА) - Јавните обвинители Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи од Основното јавно обвинителство Скопје, со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се упатуваат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, упатувањето се врши со цел зајакнување на капацитетите за ефикасна борба против организираниот криминал и корупција, како еден од приоритетите во програмата на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски.

Тој денеска остварил средба со Хаџи Василева и Азизи, како и со основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК Гаврил Бубевски и Ислам Абази, при што ја поздравил одличната соработка меѓу овие две обвинителства која придонесува за поефикасен кривичен прогон.

- Јавните обвинители Хаџи Василева и Азизи, со овластување од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, ќе продолжат да застапуваат дел од предметите по кои постапувале до сега, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Коцевск,и денеска се сретнал и со назначениот јавен обвинител за врски на Република Северна Македонија со Европравда Ленче Ристоска.

На средбата се разговарало за тековните состојби и предизвици во работењето на канцеларијата за врски, со особен акцент на важноста на навремена и експедитивна меѓународна соработка во кривичните постапки. Со оглед на околноста што непосредно претпоставен обвинител на обвинителот за врски е државниот обвинител, се додава во соопштението, на обвинителката и беше доделена канцеларија и во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. цр/са/

Фото: Јавното обвинителство на Република Северна Македонија

Остани поврзан