• среда, 15 април 2026

Штипското комунално претпријатие „Исар“ доби мултифункционално возило

Штипското комунално претпријатие „Исар“ доби мултифункционално возило

Штип, 24 март 2026 (МИА) - Ново мултифункционално возило за чистење на улици доби ЈП „Исар“, набавено со средства од Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) и Општина Штип.

Директорот на Центарот за развој на ИПР, Трајче Здравков на денешната прес-конференција рече дека проектот е вреден 5,8 милиони денари, од кои четири милиони денари се обезбедени преку Програмата „Регионален развој за 2025 година“, додека 1,8 милиони денари се средства од буџетот на Општина Штип. Со оваа набавка ќе се подобри ефикасноста во одржувањето на комуналната хигиена во градот. 

-Преку проектот „Унапредување на заштита на животната средина“, реализиравме набавка на мултифункционално возило за чистење за потребите на Општината, онносно ЈП „Исар“. Овој проект е во износ од 5,8 милиони денари од кои 4 милиони денари се од програмата „Регионален развој за 2025 година“, a 1,8 милиони денари се од буњетот на општина Штип. Со оваа набавка ќе придонесеме за почиста животна средина-изјави Здраков. Директорот на ЈП „Исар“-Штип Александар Арсовски вели дека со новото возило, ќе се подобрат услугите, кои што претпријатеието ги испорачува кон граѓаните.

Тој истакна дека и во претходните 15 месеци, со помош на Општината набавени биле и други шест специјализирани возила. 

-Денес на мое огромно задоволство можам да кажам дека возниот парк се збогатува со уште едно ново специјализирано повеќенаменско возило, со кое што во голема мера ќе се подобрат услугите, кои што Јавното претпријатие ги испорачува кон граѓаните. Ова е еден позитивен пример на соработка меѓу институциите, односно Источно Планскиот Регион, ЈП „Исар“ и Општината-вели Арсовски. вдј/сст/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан