• четврток, 04 декември 2025

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред

Скопје, 30 април 2025 (МИА) - ЈСП Скопје информира дека утре јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред поради 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Жичницата ќе работи со вообичаено работно време, а дежурна ќе биде билетарницата и центарот за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.

Од утре Жичницата ќе работи два часа повеќе, односно од 10 до 20 часот.

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

- Ви го честитаме празникот на трудот Први Мај!, се веливо соопштението од ЈСП Скопје. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан