Јавниот превоз во Скопје денеска и утре по неделен возен ред
- Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека јавниот превоз денеска и утре ќе сообраќа по неделен возен ред.

Скопје, 6 јануари 2021 (МИА) - Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека јавниот превоз денеска и утре ќе сообраќа по неделен возен ред.
Денеска дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во Ѓорче Петров.
Како што информира ЈСП, во четврток, за Божиќ, билетарниците нема да работат. сст/цр