• понеделник, 23 декември 2024

Јавниот обвинител Абази се сретна со албанскиот амбасадор Река

Јавниот обвинител Абази се сретна со албанскиот амбасадор Река
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази денеска оствари средба со Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во земјава. Амбасадорот му го честитал изборот на обвинителот Абази и му посакал успешно раководење со обвинителството. На средбата, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, била истакната заложбата за продлабочување на соработката во областа на борба против тероризмот, корупцијата, економскиот и компјутерскиот криминал, како и меѓународниот организиран криминал. Абази на амбасадорот му ги презентирал условите за работа и предизвиците со кои се соочува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ја истакнал потребата за понатамошно унапредување на институционалната соработка меѓу двете земји. На средбата амбасадорот Река изразил задоволство за досегашната соработка помеѓу органите на прогонот и се заблагодарил за несебичната размена на доказите што беа од исклучително значење за албанското обвинителство во предметот „Икона“. - За потсетување, се работи за акција што албанската полиција ја реализира на почетокот на октомври 2013 година кога беа запленети 1.077 икони, артефакти, бронзени и други предмети, што потекнуваат од средниот век. Меѓу запленетите икони беше утврдено дека 21 икона потекнуваат од македонските цркви и манастири. Доказите за извршените кражби на македонските културни добра, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со поддршка на Германската канцеларија за меѓународна помош ги достави до албанското обвинителство, се појаснува во соопштението од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. По завршената тамошна постапка и деветгодишни административни преговори, се посочува во соопштението, минатата недела владите на двете земји се договорија по ратификација на Договорот иконите да бидат вратени во РСМ. цр/дма/

Остани поврзан