• четврток, 26 март 2026

Јавниот долг на Србија на крајот на јуни изнесуваше 38,55 милијарди евра, односно 43,7 проценти од БДП

Јавниот долг на Србија на крајот на јуни изнесуваше 38,55 милијарди евра, односно 43,7 проценти од БДП

Белград, 4 август 2025 (МИА) - Јавниот долг на Србија на крајот на јуни изнесуваше 38,55 милијарди евра, што е 43,7 проценти од БДП, соопшти српското Министерство за финансии.

Во споредба со крајот на минатата година, и долгот и неговото учество во БДП се намалија, бидејќи на 31 декември 2024 година, долгот изнесуваше 38,87 милијарди и учествуваше во БДП со 47,2 проценти.
Во првата половина од годината е остварен дефицит на националниот буџет од 36,4 милијарди динари, што е подобро од буџетскиот план за 133,4 милијарди, имајќи го предвид планираниот дефицит од 169,8 милијарди динари, објави Министерството за финансии.

Приходите изнесуваа 1.107,4 милијарди динари, а расходите 1.143,8 милијарди динари. Во јуни е остварен суфицит од 35,7 милијарди динари.

Во текот на јуни беа собрани приходи во износ од 227,5 милијарди динари, од кои даночните приходи изнесуваа 208,4 милијарди. зш/

Остани поврзан