• четврток, 14 ноември 2024

Јавна расправа и презентација на Урбанистички план за изградба на интерконекторот со Грција

Јавна расправа и презентација на Урбанистички план за изградба на интерконекторот со Грција
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Во просториите на Министерството за транспорт и врски денеска се одржа јавна расправа по Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за интерконективен гасовод Република Северна Македонија – Република Грција. Целта на јавната расправа беше да се запознае широката јавност за планираната траса на интерконективниот гасовод што ќе не поврзе со Република Грција, а учествуваа претставници од инвеститорот - Национални Енергетски Ресурси, планерите и проектантите на трасата и преставници од Министерството за транспорт и врски. Претходно, Урбанистичкиот план за изградба на интерконективниот гасовод беше јавно достапен за увид на широката јавност и јавно презентиран во електронска форма на веб страните на Министерството за транспорт и врски, општините Неготино, Демир Капија, Богданци и Гевгелија и во хартиена форма во просториите на гореспомнатите институции. Во просториите на Министерството за транспорт и врски, како што најавуваат оттаму, на 28. месецов ќе се одржи и стручна расправа со јавна презентација на Урбанистичкиот план. -Владата и ресорните министерства остануваат посветени на изградба на гасоводоната мрежа во Република Северна Македонија со цел алтернативно снабдување со гас и економски развој на земјата, велат од Министерството з атранспорт и врски.лв/са/

Остани поврзан