• петок, 22 ноември 2024

Јавната седница во Апелција за предметот „Талир 2“ презакажана за 29 септември

Јавната седница во Апелција за предметот „Талир 2“ презакажана за 29 септември

Скопје, 7 јули 2023 (МИА) - Апелациониот суд Скопје информира дека Јавната седница за предметот „Талир 2“ е презакажана за 29 септември, на барање на одбраната на обвинетите. 

- Апелациониот суд Скопје ја информира јавноста дека Јавната седница за предметот заведен под број КЖ-232/23 , со работен наслов „Талир 2“, се одложи на барање на одбраната на обвинетите Н.Г. и К.Б., двајцата од С., а поради ангажираност на бранителите во други кривични предмети, како што беше наведено во писмениот подесок од 26.06.2023 година, се вели во соопштението од Апелација. 

За предметот „Талир“ со правостепена судска пресуда од 8 јуни 2022 година на затворска казна од шест години е осуден екс премиерот Никола Груевски која е во бегство во Будимпешта, додека поранешниот владин генерален секретар Кирил Божиновски е осуден на условна казна од две години. Тие се прогласени за виновни поради склучување на незаконски договор за пренесување на право на градење помеѓу ДГ Бетон и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за противправно прибавување на имот. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи. аа/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан