• недела, 22 декември 2024

Јавен повик на ФИТР и УСАИД за аплицирање со проекти за „Воспоставување на центар за обука за зелени работни места”

Јавен повик на ФИТР и УСАИД за аплицирање со проекти за „Воспоставување на центар за обука за зелени работни места”

Скопје, 20 декември 2023

Фондот за иновации и технолошки развој денеска објави нов предизвик за „Воспоставување на центар за обука за зелени работни места”. Предизвикот се спроведува во партнерство со Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници (IESC) во партнерство со Младински образовен форум и Центар за претприемачи и развој на менаџери.

Целта на предизвикот е да се воспостави Центар за обука за зелени работни места („Green Jobs Training Hub”), замислен како централен објект посветен на обезбедување сеопфатна обука за развој на вештини за младите во различни сектори, а се поврзани со зелените работни места, како што се: инсталатор на соларни панели, оператор на хидроелектрична постројка, специјалист за биоенергија, техничар за електрични возила (EV) и едукатор за намалување на отпадот. Со реализирањето на овој предизвик се очекува да се помогне да се премости јазот помеѓу побарувачката за зелено-квалификувани работници и достапноста на соодветно обучени млади. 

За овој предизвик, вкупниот буџет изнесува 60 илјади УСД, во денарска противвредност, од кои 40 илјади УСД обезбедува Фондот, додедка 20 илјади УСД обезбедува УСАИД – Младите активно создаваат можности. Преку овој повик се обезбедува финансирање до 90% од вкупниот буџет на проектот, а останатите 10% ги обезбедува корисникот. Времетраењето на проектот може да биде до 12 месеци.

Заинтересираните апликанти се охрабруваат да поднесат предлог проекти кои се фокусирани на воспоставување на центар за обука за зелени работни места, кој ќе ги оспособи поединците на возраст помеѓу 15 и 34 години, со основни вештини за зелени работни места и ќе обезбеди вредни кариерни насоки и менторство, со цел да ја олесни нивната интеграција на пазарот на труд. Дополнитлено, секој предлог треба да овозможи преглед на плановите за обука на минимум 200 поединци низ спектар од најмалку два различни зелени работни улоги во текот на времетраењето на проектот и успешно да го олесни отварањето на работни места за најмалку 25% од учесниците.

Како подобни апликанти на предизвикот се сметаат компаниите, професионални или деловни здруженија, невладини организации (НВО), даватели на обуки и партнери на горенаведените организации. Апликантите мора да бидат формално конституирани, признати и во добра состојба со соодветните власти на Република Северна Македонија. Во однос на активностите кои се подобни и трошоците кои се прифатливи за финансирање во рамките на предизвикот, вклучуваат: формирање на Центарот за обука за зелени работни места, плати и трошоци за работна сила, експертиза и консултантски услуги, имплементација на обуката и канцелариска и деловна поддршка. 

Сите пристигнати проекти ќе поминат низ слениот процес на евалуација: административна проверка на доставените документи, прва евалуација на предлог-проектот и избор на најдобрите предлог проекти, по претхона презентација на проектот пред Комисијата за евалуација и избор. Финалната одлука ја носи Комисијата за евалуација и избор, која се состои по еден претставник од: ФИТР, Активноста на УСАИД за млади, активно создавање можности, бизнис секторот, академската заедница и партнерски организации. Критериуми врз основа на кои Комисијата за оценување и избор ќе се водат при оценување на предлог проектите се: квалитет на предлог – проектот, капацитет на проектниот тим, влијание, обезбедено дополнително финансирање, вмрежување, промоција и одржливост.

Аплицирањето е исклучиво електронски, а предлог проектите ги очекуваме најдоцна до 19.01.2024 година, до 14:00 часот. За дополнителни информации во врска со предизвикот можат да се добијат на следниот линк: https://shorturl.at/uxCS3 или пак да не контактираат на следната е-маил адреса: greenjobshub@fitr.mk

 

Фото: ФИТР

Фонд за иновации и технолошки развој 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан