• петок, 22 ноември 2024

Јавен повик до основните и средните училишта за учество на Европскиот квиз на парите

Јавен повик до основните и средните училишта за учество на Европскиот квиз на парите
Скопје, 1 февруари 2022 (МИА) - Македонска банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност на Северна Македонија објави јавен повик до основните и до средните училишта во државата за учество во меѓународниот натпревар Европскиот квиз на парите. Квизот е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години и се одвива во две фази. Првата се националните натпревари во секоја земја, а втората фаза е европското финале во кое учествуваат победниците на националните натпревари. Во нашата држава националниот натпревар ќе се одржи виртуелно за време на Глобалната недела на парите, од 21 до 27 март оваа година, на македонски и на албански јазик. Како што соопштија од Македонска банкарска асоцијација, тимот од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на европското финале кое ќе се одржи на 10 мај 2022 година во Брисел, Кралството Белгија, на англиски јазик. Поради тоа, националните победници треба да имаат солидни познавања од англиски јазик. Европската банкарска федерација го задржува правото за одржување на финалето како е-настан, доколку тоа го бараат условите наметнати од пандемијата, а ќе им додели парична награда на училиштата коишто ќе освојат прво, второ и трето место. Натпреварите ќе се одвиваат преку посебна електронска апликација за оваа намена „Кахут“, којашто е едукативна платформа на база на игра. Од Македонска банкарска асоцијација ги повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија/класови за учество на националниот натпревар во државата, најдоцна до 18 февруари оваа година, на нивната електронската адреса - info@mba.mk Притоа, како што посочуваат во соопштение, треба да се има предвид следново - Секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија/класови, учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години на денот на пријавувањето, заедно со податоците за одделенијата/класовите, треба да се достават податоци за наставниците/професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката. Натпреварот е поддржан од министерствата за образование и за финансии.бт/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан