• петок, 05 декември 2025

Ѓурѓај на средба со директорот на Агенцијата за иселеништво 

Ѓурѓај на средба со директорот на Агенцијата за иселеништво 

Дебар, 9 мај 2025 (МИА) -  Претседателот на македонското друштво „Илинден“ - Тирана Никола Ѓурѓај денеска во  Агенцијата за иселеништво во Скопје оствари работна средба со директорот на Агенцијата, Горан Ангелов.

-Мојот соговорник го информирав за состојбата на македонското национално малцинство во Албанија. Посебно го нагласив фактот дека како друштвото  активно се грижи за правата и положбата на Македонците во Албанија, како и за чувањето на македонската култура и традиции, информираше Ѓурѓај.

Исто така разговарале и за македонскиот весник „Илинден“, кој преку своето  печатено и онлајн  издание информира за активностите на Македонците, не само во Албанија, туку и во иселеништвото, бидејќи друштвото соработува и се вмрежува со иселенички организации во целиот свет. 

-Му заблагодарив на директорот Ангелов за срдечната средба и донирав примероци од весникот,  со цел тие да бидат дел од библиотеката на Агенцијата за иселеништво, рече Ѓурѓај.

Директорот Ангелов, пак, на Никола Ѓурѓај му подарил икона од светецот Свети Никола, во знак на благодарност за долгогодишната активност во заштитата на македонскиот национален идентитет, јазик и култура.

За време на престојот во Скопје, Ѓурѓај, на директорот на весникот „Нова Македонија“  Ратко Лазарески му го врачил признанието „Илинден“ за особен придонес за македонското национално малцинство во Република Албанија и придонес за македонското друштво. вт/мд/


Фото: МД „Илинден“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан