• петок, 22 ноември 2024

Ѓукановиќ доминираше во јужниот дел на Црна Гора, Милатовиќ во централниот регион

Ѓукановиќ доминираше во јужниот дел на Црна Гора, Милатовиќ во централниот регион

Подгорица, 20 март 2023 (МИА) - Во Црна Гора денеска се анализираат изборните резултати од првиот круг на претседателските избори по региони и градови, па така на северот од земјата лидерот на ДПС Мило Ѓукановиќ освои 37,3 отсто од гласовите, кандидатот на движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ 26,3, а кандидатот ДПС, Андрија Мандиќ 21,1 отсто.

Според анализата на Дан од Подгорица, Милатовиќ доминирал во централниот регион, а Ѓукановиќ на југот од државата.

Прелиминарните резултати на Центарот за мониторинг (ЦЕМИ), покажуваат дека во централниот дел на земјата, кандидатот на ПЕС освои 35,1 отсто од гласовите, Ѓукановиќ 31,9, а Мандиќ 17,4 отсто.

Ѓукановиќ освоил 37,3 отсто од гласовите на северот на земјата, Милатовиќ 26,3, а Мандиќ 21,1.

На југот на земјата Ѓукановиќ постигна речиси идентичен резултат како и на северот (37,6 отсто), Милатовиќ освои 23,8 отсто, а лидерот на ДФ 19,3 отсто од гласовите.

Според Извештајот на Градската изборна комисија во Подгорица, Ѓукановиќ во главниот град освоил 30.447 гласа, Милатовиќ 37.743 гласа, а Андрија Мандиќ 16.117 гласа. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан