• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорѓиевски: Покрај „Ранче за секое прваче“, годинава и бесплатни униформи за сите ученици

Ѓорѓиевски: Покрај „Ранче за секое прваче“, годинава и бесплатни униформи за сите ученици

Скопје, 1 септември 2023 (МИА) - Во училиштата во општина Кисела Вода денеска на почетокот на школската година во училишните клупи првпат седнаа 624 првачиња, на кои од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и неговиот тим, им беа поделени ранци и училишен прибор во рамки на проектот „Ранче за секое прваче”. Ѓорѓиевски  им го честиташе почетокот на првачињата и нивните родители и проговори за активностите кои и годинава ќе се спроведуваат со цел унапредување на наставниот процес.

-Општина Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник, секогаш ја потенцираме важноста на образованието и постојано работиме на унапредување на условите во нашите училишта. И оваа година, продолжуваме со успешниот проект „Ранче за секое прваче", кој лани за првпат стартуваше од Општина Кисела Вода, а го имплементираа и многу други општини кои ја увидоа неговата вредност. Годинава сите 624 ученици запишани во прво одделение од нас, како локална самоуправа добиваат училишен ранец со прибор што значи дека сите тие имаат еднакви можности за почеток на учебната година. Првиот училиштен ден треба да биде радост за сите деца и за нивните родители и не смееме да дозволиме тие да бидат оптоварени со финансиски грижи, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој додаде и  дека ќе стартува со уште ден  проект, во кои  сите ученици од прво до деветто одделение, ќе добијат бесплатни униформи. Според ова, како што потенцира тој, во услови на се поголема финансиска криза и се поизразени социоекономски разлики помеѓу нашите граѓани, се  обезбедува можност за време на наставата сите ученици да се чувствуваат удобно во своето опкружување, без оглед на  финансиската состојба, да бидат насочени само кон стекнување на што поголеми знаења и пријателства.

-Инаку летово беа отпочнати, а дел и завршени, голем број на инфраструктурни проекти низ училиштата во општина Кисела Вода. Во ООУ “Партенија Зографски” е во тек темелна реконструкција на кошаркарското и повеќенаменското игралиште. Во овој училишен објект беа обновени и три училници кои претходно беа во лоша состојба, а ќе биде изграден и голем паркинг простор. Се градат две училници во ООУ “Кузман Шапкарев”, а во завршна фаза е изградбата на трпезарија во ПОУ “Кузман Јосифовски Питу” во Црниче. Во училиштето беше обновен подот во една училница. Исто така, во постапка е изградба на спортска сала во ООУ “Рајко Жинзифов” во Пинтија. Проектите за подобрување на образованието во општина Кисела Вода ќе се одвиваат со засилена динамика во претстојнииот период, кажа Ѓорѓиевски.

Тој ги покани сите ученици и нивнитe семејства да бидат дел од вечерашниот музички хепенинг кој во чест на првиот училиштен ден ќе се одвива во Паркот на бранителите во населбата Драчево. Концертот со наслов насло „Музички волшепства“, ќе започне од 19:00 часот на кој ќе присуствуваат  популарните „Триангл Пулс“, а  со ритмички тoчки ќе им се придружат и ученици од ООУ„Климент Охридски“, ООУ„ Рајко Жинзифов“ и ООУ„Кузман Шапкарев. љм/са/ 

Фото: Општина Кисела Вода

 

 
 
 
 

Остани поврзан