• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорѓиевски на средба со УНДП: Aнгажирање на негуватели во градинките, прв од бројните договорени проекти

Ѓорѓиевски на средба со УНДП: Aнгажирање на негуватели во градинките, прв од бројните договорени проекти
Скопје, 12 јануари 2022 (МИА) – Aнгажирање на негуватели во градинките, е прв од бројните проекти договорени на денешната средба меѓу градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и претставници на УНДП, за што денеска ќе биде објавен и јавен повик, информираат од општината. На денешната средба Ѓорѓиевски им се заблагодарил за сите досега реализирани проекти во општина Кисела Вода и направил кус осврт за планираното во претстојниот период. - Од страна на присутните беше изразена подготвеност за продолжување, но и унапредување на досегашната соработка, со посебен акцент на реализација на проекти кои значат надминување на предизвиците со кои се соочуваат ранливите категории на граѓани, но и остварување на правата на младите лица, велат од општина Кисела Вода.                         Како прв проект од нововоспоставената соработка, двете страни договориле временото ангажирање на лица за дополнителна помош на негувателите во јавните градинки на територија на општина Кисела Вода, за што денеска ќе биде објавен и јавен повик. - Партнерството и поддршката од страна на УНДП, пред сè, во проектите од социјалната сфера, за кои денеска дискутиравме, за жителите на Кисела Вода значат отворање на можности за подобрување на квалитетот на живот. Конкретно, на денешната средба повеќе се задржавме на проектите и активностите кои предвидуваат субвенционирана општо-корисна работа, како и на поддршката при спроведувањето на Законот за социјална заштита и Законот за младинска политика. Во таа насока, покрај претставниците на УНДП, присутен беше и претставникот на здружението „Хуманост“, кое ги обучува и лиценцира другите невладини организации за доследно спроведување на споменатите законски одредби. Денес договорената соработка, ќе донесе побрзо и полесно реализирање на целите кои се зацртани пред нас, а кои значат одговор на потребите на нашите жители, изјави Ѓорѓиевски. Тој истакна дека уште денеска почнува со реализација на договореното, па така, уште попладнево, лицата кои поседуваат соодветна лиценца за негуватели, можат да се пријавуваат за времен работен ангажман во градинките низ Кисела Вода. ир/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан