• петок, 05 декември 2025

Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје - чисто и достоинствено

Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје - чисто и достоинствено

 

Скопје, 9 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа на неговиот официјален фејсбук-профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје на главниот град, плоштадот „Македонија“ и кејот на реката Вардар, што ја започна веднаш по преземањето на функцијата.

-Нашето убаво Скопје! Чисто и достоинствено!, напиша Ѓоргиевски на фејсбук.

Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна вечерта по примопредавањето на функцијата од досегашната градоначалничка, и како што самиот изјави, акцијата би требало да заврши вечерва.

Согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72  часа од преземањето на мандатот, деновиве со механизација и рачно се чистат коритото и косините на Вардар, се отстранува кабаст отпад и пластични шишиња и се расчистува земјен материјал насобран во централниот дел на кејот, а се празнат и контејнерите  од ѓубре.

Во акцијата „72 часа” за која вели дека се одвива одлично, вклучени се повеќе од 2500 луѓе кои го чистат градот, над 100 возила, меѓу нив и луѓе и опрема од комуналното претпријатие на Скопје, како и механизација и екипи од ЈП „Улици и патишта"- Скопје.  Ѓорѓиевски најави и прес - конференција во 20 часот на плоштадот Македонија на која ќе реферира за акцијата.  вг/хс/ 

Фото:ФБ Орце Ѓорѓиевски 

 

 

Остани поврзан