• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ѓорѓиевски: Излет на Пеленица со моите најдобри другарчиња, децата со церебрална парализа

Ѓорѓиевски: Излет на Пеленица со моите најдобри другарчиња, децата со церебрална парализа

Скопје, 11 јули 2025

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска го помина денот на Пеленица во друштво со децата со церебрална парализа, на традиционалниот излет посветен на дружба и поддршка. Со посветеност и емпатија, тој уште еднаш ја истакна важноста на грижата и вниманието кон лицата со попреченост, најавувајќи уште посилна заложба за унапредување на нивните права и услови за живот.

-На мое големо задoволство, денеска повторно се дружевме со децата со церебрална парализа, на нашиот веќе традиционален излет во Пеленица. Овие дружби се значајни за сите нас, бидејќи се прекрасна можност да се поврземе, да се поддржиме и да создадеме моменти на радост и заедништво.  Како човек и како градоначалник секогаш се залагам за подигнување на јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа.

Мојата заложба е да работиме сите заедно кон подобрување на нивните права и можности за што понезависен, посамостоен и целосно интегриран живот во нашето општество.

Тие се дел од нашата заедница и заслужуваат поддршка и разбирање. Во градот Скопје, уште посилно ќе се залагаме за нив.

Со ваквите дружења и настани, се надевам дека им го разубавуваме секојдневието и им покажуваме дека не се сами во своите предизвици-истакна градоналаникот Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

___________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан