• петок, 05 декември 2025

Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Скопје, најави дека од вечер почнува голема акција за чистење на градот

Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Скопје, најави дека од вечер почнува голема акција за чистење на градот

Скопје, 6 ноември 2025 (МИА) - Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува голема акцијата за чистење на градот, како што вети во предизборната кампања.

- Официјално - од денес Скопје испишува нова страница во својата историја. Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје. Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни резултати и многу дела. Благодарен сум за секоја поддршка, за секој скопјанец што препозна искреност, посветеност и дела зад зборовите. Ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска, национална, партиска или било каква припадност. За мене поделбите не постојат - она што е моја водилка е обезбедување на подобра иднина и достоинствен живот за сите. И тука нема да се штедам. Го имате мојот збор! Скопје, почитувани, го менуваме од корен! Уште од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив.
А утре, започнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив, за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат, објави Ѓорѓиевски на неговиот фејсбук профил.

Најавува дека Скопје ќе добие и нови проекти, а дел од нив ќе започнат во наредните денови - инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, животната средината, но ја враќаме и транспарентноста.

- Скопје конечно ќе биде отворен град. Време е!, наведува новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски.са/

Фото: Ѓорѓевски ФБ

Остани поврзан