• среда, 23 октомври 2024

Ѓорческа и Ивановски поразени на турнирите во Шпанија и Словачка

Ѓорческа и Ивановски поразени на турнирите во Шпанија и Словачка

 

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) – Најдобрите македонски тенисери во машка и женска конкуренција, Лина Ѓорческа и Калин Ивановски, елиминирани се во воведното коло на турнирите во Шпанија и Словачка.

Ивановски попладнево на фјучерсот во Трнава загуби во првото коло од словенечкиот тенисер Филип Џеф Планиншек со 7-5, 6-4, во неизвесен дуел кој траеше 104 минути.

За најдобриот македонски тенисер ова беше прв настап на терените оваа година, откако се повреди на почетокот на сезоната.

Стартен пораз на фјучерсот во Лес Франкуесес дел Валес (Барселона) што се игра за награден фонд од 100.000 долари претрпе и Ѓорческа која загуби денеска од Французинката Наиа Берекоечеа со 6-4, 1-6, 6-2 по два часа и девет минути игра.

Идната недела Ѓорческа треба да настапи на ИТФ фјучерс турнирот во германскиот град Хамбург. ег

ФОТО: МИА

Остани поврзан