• петок, 05 декември 2025

Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во Германија

Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во Германија

Ашафенбург, 10.јули 2025 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во германскиот град Ашафенбург. Поуспешна од неа во второто коло беше втората носителка Тара Вурт од Хрватска. Мечот беше решен по три сета игра, а Вурт победи со 2:1 во сетови (6:1; 2:6; 7:5) за 2 часа и 12 минути игра.

Во првиот сет хрватската тенисерка имаше комплета доминација,  но во вториот сет сосема поинаква ситуација  и македонска тенисерка го освои сетот со 6:2 во гемови. Вистинската борба беше во решавачкиот сет. Двете тенисерки имаа предност, а при 5:4 за Вурт, Ѓорческа спаси една меч топка во 10-тиот гем и изедначи на 5:5. Но, до крајот на мечот ривалката ги освои двата гема за конечни 7:5 и 2-1 во сетови.

Лина Ѓорческа следната недела ја очекува настап на турнирот во Оломуц, Чешка.    мн/

Фото: Архива МИА 

Остани поврзан