Ѓорческа во полуфиналето на фјучерсот во Чешка
- Нашата тенисерка се пласираше во полуфиналето совладувајќи ја американската тенисерка Ема Наваро со 2-0 во сетови.
Оломоуц, 22 јули 2022 (МИА) - Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето од ИТФ фјучерсот во чешкиот град Оломоуц.
Нашата тенисерка се пласираше во полуфиналето совладувајќи ја американската тенисерка Ема Наваро со 2-0 во сетови.
Во првиот сет Ѓорческа поведе со 6-4 и продолжи со добрата игра за убедливи 6-2 во вториот сет.
Утрешното полуфинале нашата тенисерка ќе го игра против Дарија Астакова од Русија. ар/сп/