• вторник, 05 ноември 2024

Ѓорчев: Во март годинава 18 отсто помалку родени бебиња

Ѓорчев: Во март годинава 18 отсто помалку родени бебиња

1 јуни 2023 

Почитувана македонска јавност,

Во Македонија во моментов сега се случува буквално демографска катаклизма, никогаш помалце родени бебиња и страшни, ужасни демографски падови.

Почитувани, само во месец март оваа година во Македонија има 18% помалку родени бебиња одошто минатата 2022 година. 2022 година беше најлошата, убедливо најлошата демографска година во историјата на Македонија со најмалку родени бебиња, на таа најлоша година сега во март имаме 18% дополнителни родени бебиња помалку. Тоа значи празни училишта, празни градинки, празни градови и села, тоа значи пуста, пуста земја. Овие бројки се ужасни. Ова се политиките на Таче Ковачевски и Стево Пендаровски. Тие политики буквално ја уништуваат Македонија. За Македонија да живее и преживее мора овие нивни политики да бидат час поскоро поразени.

Ќе ви соопштам неколку бројки почитувани присутни. Значи во март 2022 година родени се 1557 бебиња, во март 2023 година родени се 1279 бебиња во Македонија, тоа е 278 бебиња помалце, само во еден месец. Тоа е фрапантен ужасен пад од 18%, 278 помалце родени бебиња тоа значи во само еден месец, 14 паралелки помалку со деца, 14 паралелки со 20 деца.

Имаме еден куп места и еден куп школи каде имаме паралелки со три деца, пет деца, седум деца или девет деца.

Во првиот квартал 2023, во однос на уште еднаш ќе повторам, најслабата во историјата со најмалку родени бебиња 17.700 бебиња се родени во Македонија 2022 година, сите негативни рекорди се пробиени. Значи во првиот квартал минатата најлоша демографска година родени се 4. 009 бебиња. Во овој квартал 2023 година родени се 3.656 бебиња тоа е 353 помалку бебиња за еден квартал, односно намалување на квартално ниво во однос на најлошата година од 9 проценти.

Тоа значи дека Македонија исчезнува, тоа значи дека Македонија ја нема. Тоа значи дека со овие политики на Таче Ковачевски и Стево Пендаровски ќе имаме празни училишта, празни градинки, празни полиња, празни села, празни градови, испразнети маала, без детски џагор. Тоа значи дека буквално стануваме пуста земја. Нема ниту една земја, нити една земја во светот во март која има ваков пад 18 проценти. Најлоши во светот, уште еднаш на Македонија, за жал со Стево Пендаровски и Таче Ковачевски и се случува демографска катаклизма, колапс и буквално катастрофа.

Мора да најдеме сили, да ги поразиме овие политики затоа што Македонија буквално се тенчи и исчезнува.

Кажав доста бројки, овие бројки можете да ги видите на сајтот на Заводот за статистика, ова се поразителни бројки што ги допираат сите во Македонија, сите градови, сите региони, сите етникуми, сите градови и села. Навистина поразно, болно и ужасно!

Прес-конференција на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан