• недела, 22 декември 2024

Ѓоковиќ - Циципас во полуфиналето на „Ролан Гарос“

Ѓоковиќ - Циципас во полуфиналето на „Ролан Гарос“
Париз, 7 октомври 2020 (МИА) - Новак Ѓоковиќ ќе игра во своето десетто полуфинале на „Ролан Гарос“. По 190 минути игра, светскиот рекет број еден го победи Пабло Карењо Буста од Шпанија со 4: 6, 6: 2, 6: 3, 6: 4. На некој начин, Србинот му се одмазди на Шпанецот за единствениот „пораз“ годинава, а се работи за дисквалификацијата пред еден месец на УС Опен. Не беше лесно ниту сега, Буста играше многу добро во Париз и добро го намачи Ѓоковиќ. Српскиот тенисер ќе игра за пласман во финалето во петок против Стефанос Циципас (Грција).

Тагови

Остани поврзан