Ѓоковиќ се откажа од Мастерсот во Париз
- Петтиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, ќе го пропушти Мастерсот во Париз.
Париз, 22 октомври 2025 (МИА) – Петтиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, ќе го пропушти Мастерсот во Париз.
- Имам прекрасни спомени и големи успеси низ годините, особено седумте титули. Се надевам дека ќе се видиме следната година. Ви благодарам, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Триесет и осумгодишниот Србин ќе биде заменет во главната жрепка од Французинот Бенџамин Бонци.
Ѓоковиќ е седумкратен шампион на Мастерсот во Париз.
Турнирот ќе се одржи од 27 октомври до 2 ноември. зс/
Фото: ЕПА