• петок, 22 ноември 2024

Ѓоковиќ пристигна во Австралија

Ѓоковиќ пристигна во Австралија

Мелбурн, 27 декември 2022 (МИА) – Освојувачот на 21. грен слем трофеи, Новак Ѓоковиќ пристигна во Австралија за да учествува на серија турнири, пренесува „Tennis365“.

Според изворот, српскиот спортист слетал во Австралија и има намера да ја започне својата сезона со АТП 250 турнирот во Аделаида, кој ќе се одржи од 2 до 8 јануари.

Да потсетиме дека во 2022 година Ѓоковиќ, кој одби да се вакцинира, го пропушти Австралија опен, но издадената привремена виза ќе му овозможи да игра на турнирите во Австралија во 2023 година.

Австралија опен 2023 година ќе се одржи од 16 до 29 јануари. зс/

Остани поврзан