Ѓоковиќ постави рекорд по процент на освоени натпревари на Мастерс турнирите
- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по пласманот во четвртото коло на Мастерсот во Шангај постави рекорд по процент на добиени натпревари на турнирите од оваа категорија - 82,02 %.

Шангај, 9 октомври 2024 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по пласманот во четвртото коло на Мастерсот во Шангај постави рекорд по процент на добиени натпревари на турнирите од оваа категорија - 82,02 %.
Ѓоковиќ победи на 406 натпревари, а загуби 89.
Претходниот рекорд му припаѓаше на Рафаел Надал – 82% (410:90).
Статистиката ги земала предвид играчите кои одиграле најмалку десет натпревари на Мастерс турнирите. зс/
Фото. ЕПА