• петок, 05 декември 2025

Ѓоковиќ и Чилиќ актери на „највозрасниот меч“ на Мастерс 1000 турнир

Ѓоковиќ и Чилиќ актери на „највозрасниот меч“ на Мастерс 1000 турнир

Шангај, 3.октомври 2025 (МИА) – Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ денеска беа актери на „највозрасниот меч“ на Мастерс 1000 турнир. Ѓоковиќ има 38 години, а Чилиќ 37 или двајцата заедно 75 години со што испишаа уште една страница од тениската историја.

Победа од 2:0 во сетови оствари Ѓоковиќ, кој го доби првиот сет во тајбрејк, а вториот му припадна со 6:4 во гемови.

Двајцата тенисери имаат одличен однос, а тоа го покажаа и по завршувањето на мечот. Ѓоковиќ тоа го комплетираше со порака на социјалната мрежа Инстаграм со зборовите „Царе … Матори смо“. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан