• петок, 05 декември 2025

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај

Шангај, 7.октомври 2025 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерс 1000 турнирот во Шангај. Тој по голема борба го совлада шпанскиот тенисер Жуам Мунар со 2-1 во сетови (6:3; 5:7 и 6:2).

Шпанецот откако изедначи на 1-1 во сетови немаше сили за подвиг против искусниот тенисер, кој сега е рекордер и воедно највозрасен тенисер што играл четвртфинале на Мастерс 1000 турнир (претходно тоа беше Рожер Федерер).

Противник на Ѓоковиќ во следната рунда ќе му биде Зизу Бергс од Белгија, кој со 2-1 во сетови го совлада Габреил Диало. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан