• вторник, 21 мај 2024

Ѓоковиќ за мечот со Музети: Не се плашам од никого и од ништо

Ѓоковиќ за мечот со Музети: Не се плашам од никого и од ништо

Монте Карло, 10 април 2024 (МИА) - Светски рекет број еден Новак Ѓоковиќ ги сподели очекувањата за утрешниот меч со Италијанецот Лоренцо Музети во третото коло на Мастерсот во Монте Карло.

- Тој очигледно е еден од најталентираните играчи на земјена подлога и има одличен бекхенд со една рака. Тој е многу атлетски и може да излезе со многу добри работи. Еден е од најперспективните млади играчи не само во Италија, туку и во целиот свет. Но, не се плашам од никого и ништо, изјави Ѓоковиќ, за „Sportskeeda“.

Ѓоковиќ во второто коло го совлада Русинот Роман Сафиулин со резултат 6:1 и 6:2.

Мастерсот во Монте Карло се игра од 7 до 14 април за награден фонд од шест милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан