• петок, 05 декември 2025

Ѓоковиќ загуби од 204-тиот светски тенисер во полуфиналето на Мастерсот во Шангај

Ѓоковиќ загуби од 204-тиот светски тенисер во полуфиналето на Мастерсот во Шангај

Шангај, 11 октомври 2025 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Валентин Вашеро од Монако во полуфиналето на Мастерсот во Шангај со 3:6 и 4:6.

Натпреварот траеше 1 час и 40 минути. Новак три пати повика физиотерапевт, кој му го масираше грбот и левиот бут.

204-от светски тенисер Вашеро сервираше 6 аса, направи 4 двојни грешки и реализираше 3 од 6 брејк топки. 

Петтиот светски тенисер Ѓоковиќ сервираше 5 аса, имаше 5 двојни грешки и реализираше 1 од 2 брејк топки.

Дваесет и шестгодишниот Вашеро стигна до своето прво финале на Мастерсот. Тој ќе го предизвика победникот од натпреварот помеѓу Данил Медведев и Артур Риндеркнеш во мечот за трофејот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан