• петок, 05 декември 2025

Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер за најмногу сезони во Топ 4 на АТП

Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер за најмногу сезони во Топ 4 на АТП

Белград, 17 ноември 2025 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, 24-кратен шампион на Гренд слем и поранешен светски број 1, ја заврши сезоната во топ 4 на АТП ранг-листата по 16-ти пат во својата кариера.

На крајот од 2025 година, Ѓоковиќ ја задржа својата четврта позиција на светската ранг-листа и постави нов рекорд за најмногу сезони во топ 4. Овој рекорд претходно му припаѓаше на Швајцарецот Роџер Федерер (15 сезони во топ 4).

Оваа сезона, Ѓоковиќ стигна до полуфиналето на сите Гренд слем турнири. Тој исто така освои два АТП 250 турнири во Женева (Швајцарија) и Атина (Грција). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан